ЗА НАС

Цетус Лед е компанија која што се занимава со производство и трговија на надворешно, внатрешно и индустриско осветлување базирано на најновата ЛЕД технологија.

Ние сме официјален застапник на SARNIKON Metal Elektronik, кој е долгогодишен партнер и дистрибутер на глобалниот лидер во осветлување Osram Opto Semiconductors.  

Цетус Лед светилките се изработени од најквалитетните компоненти на Osram OS, па затоа можеме да кажеме дека кога станува збор за квалитет, ние го нудиме најдоброто. Нашиот тим бележи низа резултати од нашите експерти лоцирани во Мекедонија, Германија и Турција, специјализирани во производствотот и продажбата на високоефикасни ЛЕД светилки.

Нашата визија е Цетус Лед светилките да го достигнат максимумот во квалитет и да ги надминат постоечките технологии на осветлување. Секогаш ќе бидеме насочени кон понуда на врвен квалитет по пристојна цена.

Нашата цел е да понудиме комплетна програма на надворешни и внатрешни ЛЕД производи со одлични перформанси на осветлување, голема енергетска ефикаснонст и мултифункционалност.

Ние сме насочени кон континуирано унапредување на вработените, изворите, процесот да се добие од совршениот производ, квалитетот и задоволството на потрошувачите. Поттикнуваме креативност, тимска работа и иновативност. Нашите корпоративни вредности се одраз на начинот на кој размислуваме, работиме и комуницираме со нашите парнери и клиенти. 

Покрај врвниот квалитет, нашите светилки целосно придонесуваат за подобрување и одржување на животна средина.

OSRAM OS– Светилките на Цетус Лед се изработени од најквалитетните компоненти на светски познатиот бренд OSRAM OS

Ниски сметки – Малата потрошувачка на електрична енергија на светилките на Цетус Лед резултира со ниски сметки за електрична енергија. Светилките на Цетус Лед нема потреба да се одржуваат неколку години, па поради тоа тие обезбедуваат дополнителна заштеда за одржување

Екологија – Светилките на Цетус Лед испуштаат многу низок степен на CO2 во воздухот, преведено играат голема улога во заштита на животната средина

Комфорт и функционалност – Огромната сигурност и животниот век од 100 000 работни часови значи дека Цетус Лед светилката не треба да се одржува долг временски период

Оптика – Концептот на светилките овозможува комбинирање на најразлична оптика, која ќе може да ги задоволи барањата на било кој проект

Безбедност – Белата светлина и доброто прикажување на боите (CRI) не само што го зголемува комфорот кај пешаците, туку и го подобрува и контрастот за возачите, кое придонесува за побрза реакција и намалување на бројот на сообраќајни незгоди

Уникатен дизајн – Светилките на Цетус Лед се изработени од висококвалитетен анодизиран профил, тие се препознатливи по својот модерен и уникатен дизајн кој ќе го привлече вашето внимание и ќе ве натера да не ги заборавите